Охриѓанецот Осман ги посочи главните фаворити за пехарот на ЕП
Денеска започнува 41. Европско кошаркарско првенство кое се игра во дури четири земји и тоа Германија, Италија, Чешка и Грузија. Ова е настан кој со нетрпение го оекуваат сите кошаркарски фановите затоа што на шампионатот селекциите настапуваат со многу силни состави, играчите кои имаат значајни улоги во НБА лигата. Една од репрезентациите која има НБА играчи е Турција каде главниот збор би требало да го има играчот кој е роден во Охрид и летово правеше свадба во овој град-тоа е Џеди Осман. Асот на Кливленд Кавалирс верува дека тие како тим ќе имаат што да покажат на Евробаскетот, но посочи некои други екипи како фаворити за првото место и златото. -Тука се Србија, Словенија, Литванија, Франција… Има многу добри селекции, ова е едно од најдобрите и најтешките европски првенства во последните години. Мислам дека ќе биде многу интересно, рече Џеди. Турција ќе игра во групата А во Тбилиси со Црна Гора, Грузија, Шпанија, Бугарија и Белгија.
ความคิดเห็น