top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Охридско лето“: Концерт на пијанистот Хусејин Сермет од Турција

Во рамките на „Охридско лето“, вечерва (21 јули) со почеток во 21 часот, концерт ќе одржи турскиот пијанист и композитор Хусејин Сермет.

Пред присутната публика, тој ќе се претстави со делата на Бах, Бетовен и на Лист.

Неговата четириесетгодишна кариера ги отсликува неговите разновидни музички интереси и исклучителната музичка визија, која се огледува во широкиот и еклектичен репертоар и пијанистичка имагинативност.


1 view

Comments


bottom of page