top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Охридско лето: Вечерва театарска претстава „Крик за љубов“

„Крик за љубов“ е наслов на претставата во режија на Љупчо Ѓоргиевски

која во рамки на Охридско лето ќе се одржи вечерва (14 јули) во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид со почеток во 21 часот. Претставата е „комедија на карактери“ натопена во љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта. Имено, двајца актери, поранешни сопружници, ангажирани се во претстава да играат ликови на исто така двајца поранешни сопружници. Накратко, тоа е претстава за она што се случува пред претставата, односно за време на процесот на подготовка на една претстава, од распределбата на улогите, преку првата проба до пробата со костими и премиерата. При тоа се навлегува во суштината на феноменот наречен Театар, т.е. колку театарот е живот, а колку пак животот е театар, постои ли граница помеѓу нив и како тие се испреплетуваат и прелеваат еден во друг…

Улогите ги толкуваат Адријана Тодороска (Жижи Ортега), Никола Тодороски (Иго Мартиел), Ивица Цонев (Леон) и Горан Стојаноски (Силвестер).

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографија на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Марјан Неќак.


2 views

Commentaires


bottom of page