top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Охридската публика ќе ужива во „Недела на шпански филм“

Со отворање на изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски и проекција на филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер, вечерва во Охрид почна „Неделата на шпански филм“.

На отворањето на изложбата, во центарот за култура „Григор Прличев“ присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков и амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луиз Лосано Гарсија.

Изразувајќи уверување дека публиката ќе ужива во понудените филмови и уметноста на Фиданоски, охридскиот градоначалник смета дека „Неделата на шпанскиот филм“ е вовед во пред празничната атмосфера во градот.

– ПОВЕЌЕМЕСЕЧНИТЕ РАЗГОВОРИ И ЗАЛОЖБИ ЗА КУЛТУРНА СОРАБОТКА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ШПАНСКАТА КУЛТУРА ВО ОХРИД ВРОДИЈА СО ПЛОД И ВЕЧЕРВА И ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ЌЕ ИМАМЕ МОЖНОСТ ПОБЛИСКУ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ СО ШПАНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА, А ПРЕКУ ИЗЛОЖБАТА НА ФИЛИП ФИДАНОСКИ ЌЕ ОДБЕЛЕЖИМЕ 140 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ШПАНСКИОТ И СВЕТСКИ ВЕЛИКАН ПАБЛО ПИКАСО, РЕЧЕ ПЕЦАКОВ.

Шпанскиот амбасадор во земјава посочи дека со изложбата „Пикасо можеби јас“ се оддава почит на најдобриот и најрепрезентативен уметник на 20 век, Пабло Пикасо.

Во рамките на шпанскиот филмски циклус, додаде, ќе бидат прикажани три филма.

– ЗАПОЧНУВАМЕ СО ЕДНА МНОГУ ПОСЕБНА КОМЕДИЈА „ШАМПИОНИ“, КОЈА ГИ ВОЗВИШУВА ВРЕДНОСТИТЕ КАКО ШТО СЕ ДОСТОИНСТВОТО, ДАРЕЖЛИВОСТА И ДРУГАРСТВОТО. ДОЗВОЛЕТЕ МИ ДА НАПОМЕНАМ ДЕКА ВО ШПАНИЈА И ЈАВНИТЕ ВЛАСТИ И ГРАЃАНИТЕ СО ГОДИНИ РАБОТАТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРЦЕПЦИЈАТА И ТРЕТМАНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ. НЕСОМНЕНО, ИМА УШТЕ РАБОТА ДА СЕ НАПРАВИ, НО ГОРДИ СМЕ ШТО МОЖЕМЕ ДА КАЖЕМЕ ДЕКА ОДРЖУВАМЕ СОЛИДАРНА И ЦВРСТА ПОСВЕТЕНОСТ НА РАЗВОЈОТ НА ПОЛИТИКИ И ИНИЦИЈАТИВИ ВО КОРИСТ НА НАЈРАНЛИВИТЕ ЛУЃЕ И ГРУПИ, РЕЧЕ ГАРСИЈА.

Според програмата, утре ќе биде прикажан филмот „Тајната во твоите очи“, во шпанско-аргентинска копродукција, додека в четврток ќе биде прикажан „Лесно е да се живее со очи затворени“, на режисерот Давид Труеба.



0 views

Comments


bottom of page