top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ОФФ-фест, oсум концерти и документарец на 22 издание од 7 до 10-ти Јуни 2023

07.06.2023 Juni Sreda

Дваесет и второто издание на ОФФ-фест почнува вечерва (7 јуни) Среда, во 20 часот, во Националната опера и балет со импресивниот аудиовизуелен перформанс на славната португалска фадо-пејачка ѕвезда Мизија. Безброј награди и одликувања, како и стотици илјади продадени плочи низ светот, добро ја илустрираат важноста на овој уметник во историјата на фадото, во португалската музика воопшто, во минатото и иднината. Оваа уметница, пејачка на сонливото фадо, вокалистка-актерка и раскажувач на сопствените и на приказните на другите, е првата што признава дека е „сентиментално животно“. Овој израз служи како наслов на нејзиниот актуелен албум (Animal Sentimental), ново поглавје во кариерата којашто трае три децении.

Фестивалот, кој ќе трае до 10 јуниСабота во Националната опера и балет, како и во МКЦ, годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм.

На втората фестивалска вечер (8 јуни) Четврток во НОБ ќе настапи модерната естонска фолк кралица Мари Калкун (од 20 часот), а следува раскошна интерпретација на македонската традиционална песна од страна на единствената Зарина Првасевда и нејзиниот состав (од 22 часот).

Оригиналниот микс од пустинскиот гитарски блуз и транс ритмите на италијанската Таранта на тандемот Џастин Адамс и Мауро Дуранте, публиката ќе може да го доживее на 9 јуни Петок во НОБ од 20 часот, по што ќе се следува софистицираната интроспективна лиричност и неодоливиот шарм, талент и визија на нашиот њујорчанец Крсте Роџевски (22 часот).

За мистериозната аура на култната чешка двојка Ирена и Војтех Хавлови ќе сведочи нивното уникатно концертно патување на 10 јуни во МКЦ, од 20 часот, но и прикажувањето на документарниот филм „Little Blue Nothing: A musical portrait of Irena and Vojtech Havlovi” од 19 часот. ОФФ-фест 2023 во МКЦ ќе го заокружат фуриозните настапи на две исклучително возбудливи музички појави: новата world-music атракција Баб л‘ Блуз со својот психоделичен марокански фанк-рок звук (22 часот), како и деветчлениот оркестар на легендарното име на конгоанската румба, гитаристот Дизи Манџеку & Одемба Ок Ол-Старс (на полноќ).






















1 view

Comments


bottom of page