Search
Официјално: Јувентус претстави добро познато име како голманска солуција за Спалети (Фото)
28.09.2026 Septemvri Ponedelnik
Гулјелмо Викарио и Камил Грабара беа избрани како идеални кандидати од клубот за да се истера цела сезона, но овој вториот се повреди веднаш после дебито и го остави Лучијано Спалети со само една сигурна опција.
Полјакот Грабара го скина предниот вкрстен лигамент и најверојатно ќе паузира до крајот на сезоната, па поради тоа, Јувентус веднаш мораше да бара солуција на трансфер пазарот.
Во оваа фаза од годината, достапни беа само голмани кои имаат статус на слободни агенти, а таков беше и Нето Мурара кој е добро познато лице во Торино.
Бразилецот во минатото ги бранеше боите на Јувентус, а сега по пауза од девет години се враќа во Торино и повторно ќе конкурира за настап за „црно-белите“.







Comments