top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Официјално: Дибиров си замина од Вардар и ја испрати првата порака како играч на Загреб

Македонскиот шампион Вардар и официјално остана без еден од најдобрите играчи во својата историја Тимур Дибиров. Русинот скоро една деценија (девет години) го носеше дресот на „црвено-црните“ и првичниот план беше да остане во оваа средина и во натпреварувачката 2022/2023, меѓутоа казната, забраната која Вардар ја доби од ЕХФ и со која остана без настап во Лигата на шампионите донесе промена кај искусното лево крило. Тој се реши да ја напушти Македонија и потпише едногодишен договор со ППД Загреб каде одново ќе игра заедно со Иван Чупиќ и Вуко Борозан. -Многу сум среќен што доаѓам во Загреб, клуб со богата историја и клуб од чии редови произлегоа многу големи имиња на хрватскиот и европскиот ракомет. Очекувам големи работи во Загреб, знам дека ќе го дадам максимумот на секој тренинг и натпревар и мислам дека заедно можеме да постигнеме добри резултати. -Сум играл со некои играчи претходно како Борозан и Чупиќ, исто така сум се натпреварувал со некои, а со некои допрва ќе се запознаам. Верувам дека ростерот на Загреб е добро среден и дека е идеална комбинација на младост и искуство. Мислам дека нашиот тим има што да докаже и дека оваа сезона пријатно ќе изненадиме многумина, -изјави Дибиров за клупскиот сајт. Ова за Тимур ќе биде трет клуб во кариерата, претходно беше дел од Чеховски Медведи.


3 views

Commentaires


bottom of page