Официјални зделки: Инѕаги го доби супер засилувањето од Лацио, нов напаѓач претстави и Милан (Фото)
26.08.2021 Avgust Cetvrtok
Интер ова попладне ја информираше јавноста дека Хоакин Кореа и дефинитивно ќе биде големо засилување за новата натпреварувачка сезона, еден час по јавното соопштение кое го имаше Лацио како клуб кој досега ги поседуваше правата на Аргентинецот.
Лацио во својата вест посочи дека Кореа првата сезона ќе ја игра во Интер на позајмица за сума од 5 милиони евра, по што Интер ќе мора да исплати уште 25 милиони евра за реализација на трансферот
„Нераѕурите“ потврдија дека Кореа става потпис на договор до 2025-та година, по што тренерот Симоне Инаги и дефинитивно го добива играчот кој толку силно го посакуваше.
Истовремено со веста на италијанскиот првак, прес-конференција одржа и Милан, кој пак го промовираше своето ново засилување од нападот.
Станува збор за младиот Пјетро Пелегри кој пристигнува од редовите на Монако, 20-годишен играч кој „росонерите“ ќе мора да го откупат по првата сезона која ќе ја мине на позајмица.
– Вистински сон е што ќе играм со вакви шампиони какви што има во Милан. Го избрав дресот со број 64 поради годината во која е роден мојот татко. Неверојатно е што веќе го сретнав Златан Ибрахимовиќ. Тој е мојот идол од детството и беше неверојатно што се поздравив со него. Сакам да учам од него и Жиру, тој исто така е голем шампион. Сакам да докажам зошто сум дојден тука, – изјави Пелегри.

Commenti