Откриени нови детали за враќањето на Саманта во „Сексот и градот“
Враќањето на Саманта Џонс во новото поглавје на „Сексот и градот“ ги воодушеви фановите, кои нетрпеливо го чекаат почетокот на втората сезона на продолжението „И, едностано, така“. Во интервју за магазинот „Вараети“, авторката на бестселерот „Сексот и градот“, Кендис Бушнел, откри нови детали за враќањето на Ким откако актерката во мај потврди дека се враќа како Саманта. За потсетување, Катрал накратко ќе се појави во само една сцена во последната епизода од втората сезона, а во која ѝ телефонира на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер). Бушнел откри дека големиот момент на Саманта се случува за време на возење со автомобил. „Нејзиниот лик претставуваше многу слобода за жените. И мислам дека фановите се навистина возбудени поради нејзиното појавување, дури и ако тоа е само една сцена во автомобилот“, рече таа. Што друго треба да се знае за враќањето на најконтроверзниот лик во серијата? „Мислам дека ќе биде навистина добро судејќи според клиповите што ги гледав. Возбудена сум“, додаде Бушнел. Ненадејното враќање на Саманта доаѓа откако актерката одби да глуми во спинофот поради расправија со своите колешки. „Не сакав да го компромитирам она што ми значеше серијата. Патот напред се чинеше јасен“, изјави таа за „Вараети“ минатата година. Катрал, која глумеше во сите шест сезони на „Сексот и градот“ и во двата истоимени филма, имала два услова за своето враќање. Таа ја снимила новата сцена, без никаков контакт со своите поранешни колешки Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон, со кои се кара со години. Покрај тоа, таа побарала при снимањето на таа сцена режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој инаку е многу близок со Сара Џесика Паркер, да не биде на сетот.
Commenti