top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Откриени зборовите кои четвртиот судија му ги испратил на Мурињо, Италијанците отворија истрага (Вид

Жозе Мурињо не сакаше да открива каква порака му испратил четвртиот судија Марко Сера, но медиумите од Италија веќе изнесоа дел од зборовите на арбитарот и официјално е отворена истрага за овој случај.

Рома загуби на гостувањето кај Кремонезе со резултат 2:1, но Мурињо не го дочека последниот судиски свиреж на теренот, бидејќи доста порано беше исклучен и испратен на трибините.

Португалецот беше бесен во првото соочување со новинарите и најави дека ќе покрене правна постапка против судијата од Торино, но пред да дојде до тоа, Италијанците најавија дека дисциплинската Комисија веќе отворила истрага и двајцата ќе бидат повикани на сведочење.

Мурињо веќе беше јасен и порача дека никогаш во животот не добил таква навреда од еден судија, а медиумите од чизмата открија дел од зборовите на Сера кој многу веројатно ќе добие жестока казна.

– Гледај си ја твојата е.ена работа….. Сите се заебаваат со тебе, оди си дома, оди си дома, – се дел од зборовите на Сера.


1 view

Comments


bottom of page