top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Откриена причината зошто некои сцени со Амбер Херд сe исфрлени од новиот „Аквамен“

Судската битка на Амбер Херд со Џони Деп воопшто не ѝ помага на нејзината кариера. По појавувањето во „Лига на правдата“ во 2017 година, а потоа го сними и хитот „Аквамен“, нејзината кариера сега стагнира. Амбер е свесна за лошиот период во кариерата и тоа го потврди во сведочењето пред судот минатата недела. Медиумите објавија дека некои нејзини сцени се отфрлени од продолжението на „Аквамен“, кое треба да излезе в година. Главната улога ја има Џејсон Момоа, а Амбер беше веднаш покрај него. Но, според претставници на студиото „Ворнер брос“, тие драстично ги намалиле сцените со Амбер, а одлуката ја правдаат со тоа што меѓу Амбер и Џејсон нема никаква хемија иако тие глумат пар. Многумина сметаат и дека студиото само се правда со наведената причина и дека главна причина е петицијата. Имено, на веб-страницата Change.org се собрани над 4,3 милиони потписи против Амбер. Со оваа петиција луѓето бараат Амбер да биде исфрлена од новиот „Аквамен“.


2 views

Comments


bottom of page