Откриена вистинската причина за смртта на Брус Ли
Познатиот актер и мајстор за борачки вештини, Брус Ли, почина многу млад, на 32-годишна возраст, на 20 јули 1973 година. Веста за неговата смрт бргу се прошири, а лекарите врз основа на обдукцијата констатираа дека тој починал од оток на мозокот. Причината за едемот е наведено дека е земање одредени лекови против болки, а не требало долго време за да почнат да кружат разни теории за неговата смрт. Кога во јавноста беа објавени слики од неговото отечено лице, теоретичарите на заговор рекоа дека тој бил отруен, а главен виновник била неговата тогашна љубовница. Други тврдеа дека го убиле кинески гангстери, а суеверните отишле чекор понатаму велејќи дека го убило проклетство. Сега, 49 години по неговата смрт, истражувачите ги разгледале доказите и заклучиле дека Брус, најверојатно, починал од хипонатремија. „Со други зборови, велиме дека бубрегот не можел да го исфрли вишокот вода и затоа Брус Ли умрел“, напиша тим од експерти во списанието Clinical Kidney Journal. Што е хипонатремија? Хипонатремија значи дека нивото на натриум во крвта – што му е потребно на телото да одржува рамнотежа – е ненормално ниско. Нерамнотежата предизвикува отекување на клетките во телото, вклучувајќи ги и оние во мозокот. Според студијата, Брус имал неколку знаци на ризик за хипонатремија, вклучувајќи пиење големи количини течности, употреба на канабис – што ја зголемува жедта – и други фактори што ја намалуваат способноста на бубрезите да функционираат, како што се употребата на дрога и алкохол. Неговата сопруга Линда откри дека Брус пред смртта бил на диета со морков и јаболко. И Метју Поли, кој ја напиша биографијата на Брус Ли во 2018 година – A Life, споменува повторно земање вода на денот кога умрел. Студијата заклучува: „Ние претпоставуваме дека Брус Ли починал од специфична форма на бубрежна дисфункција: неможност да се излачува доволно вода за да се одржи хомеостазата на водата, која во голема мера е тубуларна функција. Ова може да доведе до хипонатремија, церебрален едем (отекување на мозокот ), а смртта да настапи во рок од неколку дена“. Исто така, објавено е дека Брус бил чест корисник на канабис, а неговото земење може да ја зголеми жедта. Во својата книга Поли споменува долгорочна употреба на оваа супстанција на 20 јули 1973 година, денот кога умре Брус. Истражувачите сугерираат дека тоа можеби го натерало Брус да пие премногу вода.
Comments