Откриен насловот на четвртиот „Матрикс“
27.08.2021 Avgust Petok
„Ворнер Брос пикчрс“ се појавија во„Синемакон“ во средата за да го откријат целосниот наслов на четвртото продолжение на Матрикс-серијалот, „Матрикс: Воскресенија“. Ова продолжение ќе се појави во кината на 22 декември и додека сè уште нема официјален трејлер, присутните на „Синемакон“ можеа да видат ексклузивни снимки од филмот. Entertainment Weekly обезбеди опис на оваа снимка. Трејлерот, наводно, се фокусира на Кијану Ривс и Кери-Ен Мос, кои се враќаат како Нео и Тринити. На снимката, Нео го има изгледот пред Матрикс, како Томас Андерсон, со долга коса и брада слична на Џон Вик. Тој се среќава со Тринити во кафуле и додека двата лика чувствуваат некаква поврзаност, изгледа како да не се сеќаваат еден на друг. „Матрикс: Воскресенија“ е во режија на Лана Ваховски, која се враќа од корежирање на оригиналната трилогија.
Comments