Откриен е досега непознат автопортрет на Винсент ван Гог
- Aleksandar Santovski
- Jul 18, 2022
- 1 min read
Националната галерија на Шкотска објави дека е откриен досега непознат автопортрет на големиот холандски сликар Винсент ван Гог. Автопортретот е пронајден на задната страна на сликата „Глава на селанка“, за време на рендгенската снимка во подготовките за претстојната изложба.
Се верува дека делото било скриено повеќе од еден век. Тоа било покриено со слоеви лепак и картон за време на врамувањето, на почетокот на 20 век. Ван Гог бил познат по тоа што сликал од двете страни на платното, за да заштеди на трошоците за сликање.
Експертите велат дека веднаш го препознале лицето на уметникот и дека проценуваат дека автопортретот е едно од раните дела на Ван Гог. – Ваквите моменти се многу ретки. Откривме непознато дело на Винсент ван Гог, еден од најважните и најпознати сликари во светот – изјави Френсис Фаул, виш куратор во Националната галерија на Шкотска.

Comentários