top of page

Откажан Саемот на книгата во Лајпциг- издавачите незаинтересирани

Годинешниот Саем на книгата во Лајпциг кој требаше да се одржи од 17 до 20 март е откажан поради незаинтересираност на издавачите. Тие се откажаа од учеството поради актуелната епидемиолошката состојба.

Иако владата на германската покраина Саксонија овозможи нови мерки за одржување на Саемот, сепак организаторите одлучија да го откажат овој престижен настан.

Според нив, многу големи издавачки куќи, како „Рендом хаус“, „Бертелсман“, „Хајне“, „Холцбринк“ и „Реклам“, го откажале своето учество во последните денови, што го објаснија со моментната епидемиолошка состојба.

Ова е веќе третиот саем на книги кој е откажан поради пандемијата.


 
 
 

Комментарии


bottom of page