top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Отворена изложба од 25-та „Ликовна колонија Михајлово“

17.09.2021 Septemvri Petok

Меѓународната „Ликовна колонија Михајлово“ зазема значајно место во во ликовниот живот на Кавадарци и годинава и покрај пандемијата од 23 до 29 август го реализира успешно своето 25-то по ред јубилејно издание со учество на дваесетина ликовни уметници од Македонија, Турција и Бугарија. Синоќа во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ беше отворена изложба на која беа изложени триесетина дела и тоа на ликовните уметници: Драги Хаџи-Николов, Роберт Цветковски, Андријана Мациев, Тони Чатлески, Димитар Димитров, Горан Боев, Киро Јосифов, Ванчо Кеков, Владимир Темков, Соња Р. Јовановска,Горан Јованов, Лазар Дојчинов и делата на Вахит Акан, Ахмет Есет Коприулу, Фарук Оздемир, Семра Ѓонул, Кенан Сахин, Ајнур М. Каплан и Зивер Каплан од Турција и Светлозар Недев од Бугарија со чија самостојна изложба беше отворена годинашнава ликовна колонија. Традиционално одлика на кавадаречката ликовна колонија е отворање самостојни изложби на учесниците со колонијата со што јавноста има можност да се запознае пошироко со творештвото на овие ликовни уметници кои во најголем број повторно се претставуваат со нови самостојни изложби. Покрај Светлозар Недев кавадарчани имаа можност во Музеј-галеријата да ја роследат и изложбата на Драги Хаџи-Николов од Гевгелија. Изминативе 25 години како гости на колонијата создавале и оставиле свои дела околу 700 ликовни уметници најмногу од регионот, но и од Европа, вклучувајчи ги тука најеминентните современи ликовни уметници од Македонија. Во најдобрите години колонијата броеше по 60 и 70 учесници, кои оставија прекрасни и неповторливи дела во најголем дел инспирирани од тиквешкото поднебје и питомите пејсажи, полињата со винова лоза, зрелите гроздови, прекрасните вина и ракии и друи земјоделски производи. Значаен придонес во ликовната колонија имаат и локалните уметници како редовни учесници и домаќини на уметниците кои овозможуваат колонијата да ја одбележува добра атмосфера за работа и прекрасни дружби. И годинава колонијата овозможи простор за најмладите талентирани уметници од Кавадарци со организирање на работилница за млади чиј резултат беше изложем во детското катче на завршната изложба. Завршната вечер на „Ликовната колонија Михајлово“ – Кавадарци беше пропратена со настам на музичката група „Лексикон“.



2 views

コメント


bottom of page