Отворена изложба на графики “Еден друг круг“ на Роберт Михајловски
Изложбата “Еден друг круг“ на која се претставени графиките на Роберт Михајловски е отворена завчеравечер во Офицерски дом во Битола. Делата на Михајловски го истражуваат “пејзажот“ на урбаното и невидливото присуство на човечката дејност во тој се покомлициран лавиринт.
Авторот е роден во Битола, а живее и работи на релација Мелбурн – Битола.
-Михајловски со креативните и школските почетоци се здобил во родниот град. Студирал историја на уметност со археологија во Скопје, Белград и Мелбурн, графички студии и сликарство во Њу Јорк и Мелбурн. Графиките на Михајловски се покажуваат концептот на времето кое е со одредено темпо кое повеќе се навраќа кон минатото кое ја преобликува виртуелната иднина, рече директорката на Културниот центар Битола, Лили Бошевска.
Владо Ѓоревски, за авторот и делата рече:
-Дрворезите на Михајловски го истражауваат “пејсажот“ на неводливото присуство на човечката дејност во тој се покомплициран лавиринт. Неговите отпечатоци се со одредена симболика и асоцијативност која е на границата помеѓу одредена поетика и распадност која е присутна низ свкупната скоро унифицирана мундијална архитектура. Тоа се убави пејзажи создадени од луѓето, не како идилечен свет тука како свет за елементарна егзистенција, сурова, одпадничка, и често отуѓена во својата линиска структуриранст слична на стапица, затвор, неслобода, психолошки алиениран амбис.Михајловски зборуваше за своит графики кои се создадени од дрворез, а преку нив ги покажува и местата на кои има живеено и работено и твоено.
Commenti