top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Отворена изложба на археолошки предмети од депото на штипскиот Музеј

Во уметничката галерија „Безистен“ по повод Денот на ослободувањето на Штип презентирано е археолошкото богатство „Изложба на археолошки предмети од археолошкото депо на НУ Завод и Музеј-Штип“. Директорот на Националната установа Завод и Музеј-Штип, Митко Штерјов истакна дека оваа институција располага со голем фонд на археолошки предмети откриени на локалитетите околу Штип, но и во источниот регион.

-РАСПОЛАГАМЕ СО ГОЛЕМ ФОНД И ТОА ПРЕКУ 6.000 ПРЕДМЕТИ. ИЗЛОЖБАТА ПРЕТСТАВИ САМО МАЛИ СЕГМЕНТИ ОД КОНЗЕРВИРАНИ ПРЕДМЕТИ ОД ДЕПОТО НА МУЗЕЈОТ, СО ШТО ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО, КАКО ЕДЕН СЕГМЕНТ ОД НАШАТА ДЕЈНОСТ, ПОКРАЈ ИСТРАЖУВАЊЕТО И КОНЗЕРВИРАЊЕТО, ИЗЈАВИ ШТЕРЈОВ.

Изложбата е финансирана преку Програмата на Министерството за култура. На изложбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Карагунова-Кожинкова.



1 view

Comments


bottom of page