Search
Отворена етно-поставка во прилепскиот Музеј
- Aleksandar Santovski
- Sep 22, 2021
- 1 min read
Updated: Sep 23, 2021
22.09.2021 Septemvri Sreda
Прилепскиот Завод и Музеј, по 66 години од постоењето, денеска ја отвори постојаната етно-поставка „Животот низ занаетите и традицијата“. Етно-поставката вели етнологот Горан Цветкоски е конципирана во неколку сегменти од занаетите, претставени преку алатки за изработка на разни видови занаетчиски производи. Претставени се кујунџискиот занает, канатарџискиот, леарскиот и кувенџискиот занает. Застапено е и килимарството преку повеќе видови килими, како и семејниот живот и традицијата. Средствата за етно-поставката се од Министерството за култура. Директорот Благоја Атанасоски, не криејќи го задоволството, посочи дека Музејот во своите депоа има материјал за уште неколку етно-соби.
Ка.М.

Comentários