top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Отворен конкурсот за фестивалот на краток „Филмај 2022“

Фото-кино клуб „Козјак“ Куманово, денеска го објави конкурсот за фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ за фестивалското издание 2022 година.

Заинтересираните можат да конкурираат со кратки филмови, играни и документарни (не и анимирани), со траење до 20 минути и завршени после 1 јануари 2018 година, можат да се пријават преку платформите FilmFreeway и festhome до 20 март 2022 година.

И 2022 година ќе се доделат наградите „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, „Козјак“ за најдобро сценарио и награда за најдобар македонски (домашен) филм. Автори кои сакаат да пријават свој филм, на друг начин освен преку платформите, можат да напишат и електронска пошта на filmaykozjak@gmail.com за да добијат инструкции за успешно аплицирање.

Деталните информации за правилата и пропозициите ги има на веб-страна на фестивалот, а тековни известувања и новости ќе може да се следат на Facebook-страната, како и на FB-настанот. Инаку, најдобар македонски филм на ФИЛМАЈ 2021 беше „Неонски срца“ на Ана Јакимска, а прв добитник на наградата беше филмот „Налепница“ на Георги М. Унковски на второто издание на ФИЛМАЈ во 2020 година. Резултати за наградените филмови на „ФИЛМАЈ 2022“ фестивалот на краток филм – Куманово се планира да бидат соопштени на 2 мај 2022, а фестивалот е предвиден да се одржи во Куманово на 27 мај 2022.


2 views

Comments


bottom of page