top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Отворен кокурсот за интернационалниот „Охрид фест – Охридски трубадури 2024“

21.03.2024 Mart Cetvrtok

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 31.пат распишува конкурс за нови композиции, кои ќе бидат изведени на 30 и 31 август 2024 година. Концептот и локацијата се добро познати на јавноста: на најубавата сцена на Балканот на Долни Сарај во Охрид ќе се случуваат двете вечери на фестивалот, Фолк и Интернационалната.

Фолк- вечерта ќе се одржи на 30 август и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко.

Интернационалната вечер е закажана за 31 август годинава.

„Охрид фест“ целиот акцент го насочува на новите пејачки надежи: соочени со константен недостиг на млади пејачи, фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 31-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер.

Ова е извонредна шанса за промоција на дебитантите, бидејќи „Охрид фест“ го следат повеќе од 15 телевизии од Балканот што е извонредна можност за нивното промовирање. На истата сцена, во 1998 година Тоше Проески ја испеа „Усни на усни“ и го започна својот блескав музички пат.

Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2024“ се:

* Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк, Интернационална);

* Демо-снимката и текстот треба да се на македонски јазик;

* Наслов на композицијата;

* Композициите да не се изведувани;

* Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации;

*Демо-снимките треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.

На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството а рокот за поднесување на пријавите е до 1 јуни 2024 година.

Своите композиции авторите треба да ги испратат на следната електронска адреса: ohridfestofficial@gmail.com


1 view

Comentarios


bottom of page