top of page

Отворен 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ/ ФОТО ГАЛЕРИЈА

Дела на повеќе од 40 македонски ликовни уметници кои работеа на тема „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ се изложени на 19-от „Зимски салон“ на ДЛУМ, што од денеска до 19 февруари, се одржува во Чифте амам, во Национална галерија.

Селекторка на годинашниот салон е професорката на Националниот универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а темата е „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“

На изложбата се претставени дела на 42 македонски автор, а од страна на кураторот и селектор на изложбата се поканети и пет автори-гости од Романија: Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукалариа Деметреску и Река Цсапо Дуп.

Инаку, „Зимскиот Салон“ на ДЛУМ е врвна ликовна манифестација основана во 1991 година како ликовна посебност со свои правила и критериуми. Денешната физиономија на „Зимскиот Салон“ ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност.

Почнувајќи од 2003 година, наградата „Гранд-При“ (престој во атељето на„Citè des Arts“ во Париз) ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија, а од 2006 година ДЛУМ вградува уште еден критериум, а тоа е конкретна тема на „Зимски Салон“, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин. Од 2009 година оваа манифестација прераснува во меѓународна.

ree

ree

ree

ree

ree

ree

ree

ree

 
 
 

Comments


bottom of page