Осумнаесет наслови во трката за „Роман на годината“
- Aleksandar Santovski
- Feb 16, 2021
- 1 min read
16.02.2021 februari vtornik
Осумнаесет наслови ја продолжуваат трката за традиционалната награда “Роман на годината за 2020“ која што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Жири комисијата предводена од Оливера Николова изборот го направи во конкуренција на 41 роман.
Во првата селекција од конкурсот избрани се делата: „Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, „Или – Или“, „Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“, „Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“, „Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“, „Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“, „Витезот и византијката“, Кица Колбе, „Или-Или“, „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“, „Приказна за трите града“, Митко Маџунков, „Три“, „Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“, „Највисокото дно“, Марија Митева, „Полица“, „На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“, „Лазарка“, Љупчо Петрески, „Арс Либрис“, „Боксерот од Ново маало“, Владимир Плавевски, „Арс Либрис“, „Курвински хроники“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“, „Тито, мојот претпоследен херој“, Зоран Спасов – Ѕоф, „Попули“, „Генералот и пеперугата“, Луан Старова, „МАНУ“, „Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“ и „Случајот Чернобог“, Катерина Шошко, „Антолог“.
Најдоцна до 15 март жирито треба да го соопшти добитникот на наградата која годинава се доделува по 22-ри пат. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Комментарии