top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Осумкратниот шампион Стив Кер седнува на селекторската клупа на САД?

КОШАРКА

По освојувањето на златниот медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио годинава, ќе дојде до промена на клупата на американската репрезентација. На местото на Грег Попович доаѓа Стив Кер. Тренерот на Голден стејт беше дел од стручниот штаб на Попович, а по ЛОИ истакна дека го интересира улогата на селектор на САД. Како што стојат работите, двете страни конечно постигнаа договор, па Кер наскоро и официјално треба да биде назначен за нов селектор. Првиот голем предизвик на осумкратниот шампион во НБА-лигата (титулата пет пати ја освојуваше како играч, а трипати како тренер) ќе биде Светското првенство (СП) што во 2023 година ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и во Филипини. Ќе биде под голем притисок, со оглед на тоа што САД пред две години во Кина го освоија седмото место, најслабиот резултат во својата историја. Кер околу себе ќе има и одличен стручен штаб. Негови помошници ќе бидат тренерот на Феникс, Монти Вилијамс, и тренерот на Мајами, Ерик Сполстра, како и Марк Фју. Поранешниот играч на Феникс, Кливленд, Орландо, Чикаго, Сан Антонио и на Портланд влезе во тренерските води во 2014 година, кога ја презеде клупата на Голден стејт. Веќе во првата сезона го освои шампионскиот прстен, а потоа уште двапати (2017 и 2018). Неговиот тим предводен од Стеф Кари остави неизбришлива трага на паркетот во НБА-лигата, а влијаеше и на развојот на самата игра.


1 view

Comments


bottom of page