Останува недостижна двоцифрената сезона 2015/2016
И сезонава во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) ќе остане недостижна сезоната 2015/2016, кога рекорден, и тоа двоцифрен број земји имаа свои претставници во осминафиналето. Сезонава ќе има осминафиналисти од осум земји, што е, сепак, повеќе од минатите две сезони (шест лани, а пет една сезона пред тоа). Пласман меѓу 16-те најдобри екипи сезонава во ЛШ обезбедија Челси, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Ливерпул од Англија, Јувентус и Интер од Италија, ПСЖ и Лил од Франција, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид од Шпанија, Спортинг и Бенфика од Португалија, Баерн од Германија, Ајакс од Холандија и Салцбург од Австрија. За уште едно место синоќа меѓу себе играа Аталанта од Италија и Вилјареал од Шпанија. Најсилното европско клупско фудбалско натпреварување од сезоната 1992/93 се игра според овој формат, како Лига на шампионите, а осминафиналиња се воведени од сезоната 2003/2004. Во сите сезони меѓу 16-те најдобри екипи имало претставници од петте најсилни лиги во Европа (Англија, Германија, Италија, Франција и Шпанија), а настапиле и тимови од Австрија, Белгија, Грција, Данска, Кипар, Португалија, Русија, Турција, Украина, Холандија, Чешка Швајцарија, Шкотска… Во рекордната сезона 2015/2016 со екипи од 10 земји во осминафиналето, имаше претставници и од Белгија, Португалија, Русија, Украина и од Холандија. По девет земји имаа свои тимови во осминафиналињата во три сезони, и тоа во 2011/2012, 2012/2013 и 2017/2018. Најмалку земји-учеснички во осминафинале на ЛШ, само пет, имаше во сезоната 2019/2020 (од Англија, Германија, Италија, Франција и од Шпанија).
ОСМИНАФИНАЛИСТИ
СЕЗОНА ЗЕМЈИ 2015/2016 10 2011/2012 9 2012/2013 9 2017/2018 9 2013/2014 8 2014/2015 8 2021/2022 8 2018/2019 7 2016/2017 6 2020/2021 6 2019/2020 5
Comments