Останува во кралското семејство: Модриќ ја продолжи соработката со Реал (ВИДЕО)
Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ официјално стави потпис на новиот договор со шпанскиот великан Реал Мадрид.
Лука имаше фантастична сезона во дресот на „кралевите“ и потврди дека за него годините (во септември ќе го прослави 37. роденден) се само бројка. Играчот на врска беше меѓу клучни асови во успесите на Реал во Примера, Супер Купот на Шпанија и Лигата на шампионите и сосема заслужено доби договор според кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ најмалку до 30 јуни 2023 година.
Со ова Модриќ ќе ја продолжи приказната која започна во 2013 година, патување кое досега му донесе многу титули во сите натпреварувања од кои дефинитивно најзначајни се петте во европското натпреварување.
Воедно ова беше уште еден значаен потег на европскиот првак по ударот кој го доживеа со Килијан Мбапе, па така официјализирана беше соработката со Антонио Ридигер, а набрзо треба да биде ангажиран и Орелијан Чуамени од Монако.
Comments