top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Осмото коло најуспешно за Македонците

ШАХ – СП ЗА ЈУНИОРИ

Шест победи и два пораза остварија осумтемина македонски претставници на поединечното Светско првенство (СП) во шах за јуниори (во категориите до 14, 16 и до 18 години) во Монтесилвано (Италија), во осмото коло, кое е и најуспешно досега. Кај момчињата, во категоријата до 18 години, цел поен освои Теодор Јовановски (2.140 рејтинг-поени), до 16 години Антон Златков (2.220) и Стојан Велкоски (1.985) и до 14 години Малакај Насков (1.324), а кај девојчињата Ивана Велкоска (1.157) и Инџи Ајрадиноска (1.594). Своите партии ги загубија Стојан Велковски (1.985) до 18 години и Јована Давиткова (1.322), во категоријата до 16 години. На три кола до крајот на СП 2023, Златков (рангиран 46-ти пред почетокот на турнирот) и понатаму е најуспешен македонски претставник, 42., со 4,5 поени, меѓу 138 шахисти од 71 држава, а ист број поени има и Јовановски (рангиран 79-ти), кој е 56-ти. Кај македонските шахистки, пак, Ајрадиноска (рангирана 62.) е на 60-то место со 3,5 поени меѓу 86 учеснички на СП од 55 држави. На годинашниот Мундијал играат вкупно 766 учесници во сите категории (450 момчиња и 316 девојчиња) од 92 држави.

ШФМ организира семинар за шаховски судии

Во организација на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) ќе се одржи семинар за шаховски судии, со хибриден формат, а предавањата ќе се одржат преку интернет во период од 27 до 30 ноември годинава. На 8 декември е предвидено да се одржат консултации и појаснувања на материјалот, а испитот ќе се одржи следниот ден. Главен предавач е Зоран Бојовиќ, а асистенти предавачи Бранислав Шухартовиќ и Зоран Стојчевски. Консултациите и испитот ќе се одржат во Скопје, а таксата за учество на семинарот е 150 евра. Сите оние што ќе присуствуваат на семинарот ќе добијат титула национален шаховски судија, информира ШФМ. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page