top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Осмо издание на „Виолин-фест“

В понеделник (14 јуни), со почеток во 20 часот, во Камерната сала во Филхармонија ќе се одржи осмото издание на „Виолин-фест“. – Главна тенденција на фестивалот е да се презентира виолинистичката школа во Македонија, но и надвор од неа. Фестивалот всушност претставува еден вид неконвенционален музички подиум кој им дава можност на учениците да настапат надвор од рамките на своите обврски кон наставната програма, да го покажат својот талент изведувајќи ги најпознатите дела за виолина без притисокот од оценување и бодување. Најголема награда за нив е аплаузот – вели виолинистот Владимир Костов, организатор на фестивалот. Токму за младите виолинисти на кои им е потребно најголемо јавно експонирање, всушност е и создаден овој фестивал. -„Виолин-фест“ ја празнува музиката преку настапи на млади виолнисти кои сè уште се во процесот на осознавање на магијата на виолинската уметност, кои со својот талент се издвојуваат од генерацијата на која ѝ припаѓаат – вели Костов. Оваа година како гости настапуваат учениците од музичките училишта во Србија, добитници на награди на меѓународниот натпревар „Охридски бисер“, кој се одржа минатата година. На концертот во понеделник ќе се се одбележат два јубилеи – 20 години од смртта на македноскиот композитор Драган Шуплевски и 90 години од раѓањето на Драган Ѓаконовски-Шпато. На концертот ќе настапат Алекса Аќимомовиќ (4. одделение, музичко улилиште во Ниш), Јована Удовиќ (четврта година, Школа за музички таленти – Чуприја), Симеон Гошев (трета година, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје), Софија Додиг (втора година, „Јосип Славенски“ – Белград) и Анѓела Јосифовски (втора година, „Коста Манојловиќ“ – Земун). Младите виолинисти ќе настапат во пијано придружба на Марија Вршкова. На програмата се дела од Елгар, Крајслер, Бах, Паганини, Виењавски, Шуплевски, Шпато… Во рамки на фестивалот ќе се одржат и предавање и мини концерт во СОС Детско село.


0 views

留言


bottom of page