„Оскарот“ на „Моќниот Џо Јанг“ може да достигне цена од 500.000 долари на аукција
- Aleksandar Santovski
- Jul 7, 2021
- 1 min read
Многу ретко се случува на аукција да се продава трофеј „Оскар“ од златната доба на Холивуд.
Во претстојните денови љубителите на меморабили и фановите ќе имаат шанса да ја купат златната статуетка што ја освои црно-белиот фантастичен филм „Моќниот Џо Јанг“ (1949) за најдобри специјални ефекти.
Вилис О’Брајан, пионер во специјални ефекти во филм, кој се специјализира за stop-motion анимација, на крајот дома однесе „Оскар“ за својата револуционерна работа, која вклучуваше трансформација на куп дрва, катранска хартија и стари ленти во 80-метарски горила за филмот.
Статуетката ќе биде ставена на аукција на 16 јули како дел од продажбата на забавни меморабили на Heritage Auctions.
Почетна понуда од 250.000 долари е објавена на веб-страницата, но „Оскарот“ се очекува да се продаде за приближно 500.000 долри, според ТМЗ.



Commentaires