top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Оскаровска гала вечер“ на 28 февруари во Националната опера и балет: Ќе се изведат наградени филмски песни

08.02.2024 februari Cetvrtok

На 28 февруари, во Националната опера и балет (НОБ) од 20 часот за првпат ќе се одржи Оскаровска гала вечер, во пресрет на 96. доделување Оскари. Од НОБ најавуваат дека најубавите филмски песни наградени со Оскар ќе ги изведат поп и оперски пејачи во придружба на Оркестарот на НОБ и Националниот џез оркестар.

Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Водителка ќе биде Миланка Рашиќ, долгогодишен македонски коментатор на Оскарите.

Дел од учесниците кои ќе настапат се Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска-Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Данн и Христијан Тоневски. Настанот ќе започне со црвен тепих во 19:30 чaсот.

Церемонијата на Академијата за филмска уметност и наука е закажана на 11 март во Лос Анџелес.


6 views

Comments


bottom of page