top of page

Оскари 2022: Новитети со кои Академијата се обидува да ја подобри гледаноста

21.03.2022 Mart Ponedelnik

Оваа недела ќе се одржи 94. доделување на „Оскарите“. Но, со оглед на тоа што минатогодишните бројки на гледаност се на најниско ниво на сите времиња, организаторите се под притисок да ја направат церемонијата повторно релевантна, особено за помладата публика. Порано имаше сто причини да се седнете и да ги гледате „Оскарите“, пишува британски Би-би-си. Во ерата пред социјалните медиуми, тоа беше ретка можност да се видат најголемите светски филмски ѕвезди собрани на едно место, да се види во што се облечени и да се слушнат нивните говори. Второ, тоа беше место да се видат клипови од најпознатите филмови во годината, долго пред Јутјуб да ги направи трејлерите достапни. И трето, церемонијата беше забавна и интересна. „Оскарите“ имаа највисок рејтинг во време кога линеарната телевизија беше доминантна и немаше толку многу канали за гледање. Но, во ерата на Тик-ток, Јутјуб и стриминг, најголемата шоубиз вечер во годината ги губи гледачите, а со нив и моќта. „Најголемиот предизвик е да ги натерате луѓето да гледаат“, призна минатата недела продуцентот на церемонијата Вил Пакер. „Тоа значи дека треба да има нешто различно во шоуто оваа година, нешто што ќе се поврзе со луѓе надвор од Холивуд. Мора да се поврзете со неформалните љубители на филмови“. Тоа е деликатен баланс што се обидува да одржи висок рејтинг, а истовремено да го зачува сето она што ги прави „Оскарите“ свети и престижни. Академијата бара начини да ја привлече публиката оваа година. Некои од начините се следниве: присуство на вистински ѕвезди; домаќин кој планира „да го запали секој мост“; воведување на наградата омилен филм на фановите или „оскар“ за најпопуларен филм; претходно доделени награди во обид да се скрати времето на директниот пренос. Свечената церемонија ќе се одржи на 27 март.



 
 
 

Comments


bottom of page