top of page

Оскар за најдобар кастинг се воведува од 2026 година

Feb 12, 2024
1 min read

12.02.2024 Februari Ponedelnik

Новиот Оскар за најдобар кастинг ќе биде воведен од 2026 година, соопшти Академијата за филмски уметности и науки, која го организира доделувањето на Оскарите.Извршните директори на Академијата, Бил Крамер и Џенет Јанг, рекоа во соопштението дека кастинг-директорите „играат суштинска улога во снимањето на филмовите“.

„Како што Академијата се развива, ние се гордееме што додаваме кастинг во дисциплините што ги препознаваме и славиме“, велат тие.

Оскарот за најдобар кастинг ќе биде првата нова натпреварувачка категорија од 2002 година кога беше воведена наградата за најдобар анимиран филм, потсетува BBC.

Оскарите, годинава, чиј водител е американскиот водител Џими Кимел, ќе се одржат во Лос Анџелес на 10 март.


 
 
 

Comments


bottom of page