top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Осимен ги расчисти сите дилеми и го посочи клубот во кој ќе настапува во новата сезона

Виктор Осимен со своите партии во изминативе неколку сезони се промовираше себеси во еден од најдобрите напаѓачи на светот.

Тој преку Лил дојде до калчолигашот Наполи каде целосно се афирмираше и заедно со Квича Кварацхелија одиграа клучна улога во освојување на Скудетото, прво за клубот по пауза од 33 години.

Нигериецот беше прв стрелец со 26 голови на 33 мечеви, па сосема очекувано ваквите изданија го привлекоа интересот на останатите клубови. Се споменуваа и споменуваат ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Ливерпул…но за голгетерот нема дилеми каде ќе игра во натпреварувачкаат 2023/2024.

-Јас ја освоив една од најпрестижните титули во светскиот фудбал. И го освоив со клуб кој ги цени малите нешта што ги правиш за нив. Освојувањето на Скудетото е големо за мене. Што и да дојде после ова (исто така ќе биде) големо за мене, како Лигата на шампионите, Лига Купот, се, -вели Виктор и додава:

-Толку сум горд што всушност сум освојувач на Скудетото, за мене тоа е голема работа. Сега сум зависен и едвај чекам да дојде новата сезона. Никогаш не сум видел град кој е полуд за фудбал од Наполитанците. На сите нивни играчи им покажуваат љубов. Каде и да одам, ме почитуваат. Децата ме сакаат, многу луѓе ми се восхитуваат, ме идолизираат ставајќи реплика на мојата маска. Тоа ја покажува напорната работа што сум им ја дал и што значам за нив. И за мене, нема подобро место од ова место.

-Многу сум среќен што го направив вистинскиот избор со доаѓањето овде. И постигнувањето на ваква големина со Наполитанците е нешто на што ќе се будам и секогаш ќе се насмевнувам. Децата на моите деца ќе дојдат на овој свет и ќе сфатат дека нивниот татко направил нешто неверојатно, -порача Осимен.

Тој има договор со калчолигашот до 30 јуни 2025 година.


2 views

Comments


bottom of page