top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Осиек трет предизвик за Македонија

30.05.2024 Maj Cetvrtok

ОДБОЈКА – ЕВРОПСКА ЗЛАТНА ЛИГА

Сениорската одбојкарска репрезентација на Македонија утре и в сабота ќе настапи на третиот и последен турнир во Европската златна лига (ЦЕВ), кој ќе се игра во хрватскиот град Осиек. Црвено-жолтите, предводени од новиот селектор Хари Наковски, прво ќе се сретнат со домаќинот Хрватска (19 ч.), а следниот ден со Шпанија (19 ч.). На досегашните два одиграни турнира, Македонија забележа победа над Азербејџан (3-0), а загуби од Естонија (1-3), Чешка (0-3) и од Белгија (2-3) и моментно е на 10-то место, со четири бода и сет-количник 6-9. Овие настапи за Македонија наедно претставуваат и подготовки за четвртиот пласман во низа на европските првенства, за квалификациите за изданието во 2026 година. На претходното ЕП Македонија го оствари најголемиот успех со пласманот во осминафиналето.– Ни претстојат уште два натпревара во Осиек, едниот со Хрватска, а другиот со Шпанија. Се надевам на уште подобар резултат, а Европската златна лига е уште една успешна проверка во пресрет на квалификациите за Европското првенство – вели селекторот на Македонија, Хари Наковски.И Хрватска и Шпанија се квалитетни селекции. Хрватите досега настапиле на пет ЕП, 2006 (8. место), 2007 (14), 2015 (15), 2021 (14) и 2023 (11), во конкуренција на 16 држави. Засега, заедно со Чешка, имаат максимални четири победи, односно по 12 бода, и се втори на табелата со сет-количник 12-4. Тие досега со идентични 3-1 во сетови ги совладаа Финска, Белгија, Романија и фаворизираната Португалија.Репрезентацијата на Шпанија има 12 учества на ЕП, а најдобриот резултат го оствари во 2001 година, кога се закити со досега единствениот освоен медал, и тоа златен, а бeше уште и четврта (2005) и деветта (2009). Другите пласмани се над 10-то место. Шпанците се враќаат во Европската златна лига по паузата во 2023 година. Моментно се на петтата позиција со седум бода, односно имаат две победи и два пораза и сет-количник (9-7), во конкуренција на 12 селекции. Шпанија досега ги совлада Луксембург (3-0) и Финска (3-1), а загуби од Португалија (1-3) и од Естонија (2-3).– По двата натпревара во Беверен, каде што забележавме една победа и еден пораз, продолжуваме со темпирање на формата за следните натпревари. Се надевам дека и во Осиек, против Хрватска и Шпанија, ќе имаме два добри меча, што ќе биде добро за нашата форма во пресрет на квалификациите за ЕП што нѐ очекуваат – вели младиот македонски репрезентативец Стојче Арсов.Новина на изданието на Европската златна лига за 2024 година е измената на форматот на натпреварувањето. Така, годинава тоа се одржува во текот на четири викенди (три се квалификациска фаза, а еден е фајналфор), дозволувајќи им на сите 12 репрезентации можност да организираат домашен турнир играјќи по два меча пред своите навивачи. Квалификациската фаза за фајналфорот се игра викендите до 2 јуни, додека фајналфорот ќе се одржи во Осиек, Хрватска, на 15-16 јуни, а победникот ќе освои парична награда од 100.000 евра. Г.И.ДВОЈКИ 5. И 6. КОЛО

ДЕНЕСКАФинска – ЧешкаУТРЕАзербејџан – ЕстонијаРоманија – ФинскаМакедонија – ХрватскаПортугалија – УкраинаСАБОТАЛуксембург – АзербејџанЧешка – РоманијаШпанија – МакедонијаБелгија – ПортугалијаНЕДЕЛАЕстонија – ЛуксембургХрватска – ШпанијаУкраина – Белгија


1 view

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page