top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Организаторите на Индијан Велс го разјаснија статусот на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ и дефинитивно нема да настапи на Мастерсот во Индијан Велс, кој ќе се игра неделава.

Српскиот тенисер не доби дозвола за влез на американска територија, па иако се чекаше некаква промена до последен момент, на крајот мораше да се повлече од ждребот.

Организаторите потврдија дека Ѓоковиќ не е во комбинација за настап, а неговото место ќе го заземе Николоз Басилашвили.

САД се уште има строга забрана за влез на невакцинирани странски државјани, а се чини дека поради истата забрана Ѓоковиќ нема да настапува ниту во Мајами.




1 view

Comments


bottom of page