Оперскиот пејач Казухиро Котецу промовира песни и вина од Македонија низ Јапонија
Јапонскиот оперски пејач Казухоро Котецу, кој е познат по својата љубов кон македонската музичка традиција, ја започна кампањата за ширење на македонските песни и вино низ Јапонија за 2024 година, пишува „Антропол“.По осмиот рецитал, на кој извел јапонски, италијански и македонски песни со солистите од операта во Токио, Котецу настапил со Кунами Акари изведувајќи македонски песни. Настанот бил воедно и промоција на македонското вино.Патем, Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера. Досега ги има обработено песните: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“ и други.
Пред своите сонародници Казухоро Котецу настапи со македонска носија што ја донесе од неодамнешниот престој во Битола, каде што учествуваше на Меѓународниот фестивал на камерна музика „Интерфест“ и ја одушеви публиката со изведбата на безвременската „Ако умрам ил’ загинам“ на бардот на македонската патриотска песна и негов омилен пејач од Македонија, Јонче Христовски.
Comments