Search
Операта „Рита“ од Гаетано Доницети во Националната опера и балет
Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет в среда, 21 септември, со почеток во 20 часот. „Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток. Диригент е Бисера Чадловска, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Јане Бакевски. Солистичката екипа ја сочинуваат: Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков, Борко Биџовски.
Comments