top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Омилениот“ судија на Белингам ќе ја дели правдата на полуфиналето меѓу Англија-Холандија

08.07.2024 juli Ponedelnik

Ервопската фудбалска федерација (УЕФА) вчера го одреди судијата за првото полуфинале на Европското првенство, а пак делегиран е арбитарот кој ќе ја дели пресметката меѓу Холандија и Англија закажана за 10 јуни на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Се работи за германскиот судија Феликс Цвајер кој веќе беше активен на три натпревари на турнирот што значи дека добро си ја врши својата задача.

Меѓутоа Феликс е човекот со кој англиската ѕвезда Џуд Белингам влезе во конфликт додека го носеше дресот на Борусија Дортмунд, поточно не беше задоволен од неговата арбитража во дуелот со Баерн Минхен, говореше и за неговото местење на натпревари во минатото, па за тој коментар беше казнет со 34.000 фунти.

На Цвајер ќе му помагаат сонародниците Штефан Луп и Марко Ахмилер, четврти судија ќе биде Даниел Зиберт.

Задолжени за ВАР пак ќе бидат Бастијан Данкерт, Кристијан Дингерт и Марко Фриц.


0 views

Comments


bottom of page