Омилена опсесија на Мадона ѝ е сексот, жали за двата брака
Мадона е опседната со секс. Поп-иконата, која претходно беше во брак со Шон Пен во 80-тите, а потоа со Гај Ричи од 2000 до 2008 година, во новото видео призна дека жали за двата брака. На прашањето која е нејзината моментна омилена опсесија, таа рече: „Секс. И се каам што се омажив. И двата пати“. Кралицата на попот (64) сними ново видео на својот канал на „Јутјуб“ со наслов Finally Enough Talk: 50 Questions With Madonna во чест на прославата на нејзиниот нов компилациски албум Finally Enough Love: 50 Number Ones. На видеото се гледа како оди низ дворот на фарма во мрак и одговара на серија прашања. Потоа зема купче моркови за да ги нахрани коњите и прашува со поглед кон камерата: „Ве потсетува на нешто?“ Репортерот ја прашува што ја одржува во животот, кое е нејзиното најголемо задоволство, кој е нејзиниот знак во хороскопот, која е причината за нејзината успешна кариера и друго. На сите прашања, таа одговори: „Секс“. На други места во видеото – на кое се гледа потпрена на моторцикл или се вози во количка за голф – ја прашуваат која мода ќе ја носи до крајот на животот. Таа одговара: „Мојот вибратор ѓердан од 24-каратно злато“.
Comments