top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Омаж на Пикасо и на кубизмот

26.01.2024 Januari Petok

Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Шпанија, има чест да ве покани на модната изложба „Носиме уметност“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Изложбата ќе биде отворена денеска, во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје, од претставници од Амбасадата на Франција и на Шпанија.

Оддавајќи им омаж на Пикасо и на кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на Лидија Георгиева, која со студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека веќе организираше модна ревија во Музејот на градот Скопје. Преку избор на дел од овие модни креации се продолжува со омаж на еден најголемите сликари на 19 век, со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје.


5 views

Comments


bottom of page