top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Олмо: Адеми да беше Португалец ќе вредеше над 100 милиони евра

28.06.2021 Juni Ponedelnik

Утре се игра осминафиналниот меч меѓу Шпанија и Хрватска на Европското првенство, меч пред кој во центарот на вниманието беше Дани Олмо. Олмо мина неколку успешни сезони во Динамо Загреб пред да замине во РБ Лајпциг и многу добро ги познава Хрватите или поточно дел од играчите. Офанзивецот засекогаш ќе му биде благодарен на клубот од Загреб, а во својот говор не заборави да го спомене капитенот Аријан Адеми кој според него е „суво злато“ како на теренот така и надвор од него. – Благодарен сум на секој миг што го минав во Динамо Загреб и во Хрватска. Моја желба беше да играм за Шпанија и на крајот се решив за неа. Голема благодарност до капитенот на Динамо, Аријан Адеми. Ако беше Португалец сигурно ќе вредеше повеќе од сто милиони евра, -рече шпанскиот репрезентативец.



1 view

Comments


bottom of page