top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Олиќ: Брозовиќ не смее да носи одлуки под притисок на Интер

Марсело Брозовиќ заработи повреда за време на настапите со хрватската репрезентација, па сега нема да може да му помогне на Интер наредните неколку недели.

Отсуството на Хрватот е голем хендикеп за Симоне Инѕаги, посебно во пресрет на решавачките натпревари во Лигата на шампионите, но Ивица Олиќ смета дека Брозовиќ не смее да прави компромис во однос на враќањето на теренот.

Поранешниот напаѓач е актуелен помошник на хрватскиот селектор Златко Далиќ, па во интервју за „Спортске новости“ зборувал и за Брозовиќ.

– Имам информација дека ќе биде добар за неколку недели, за три-четири недели може да се врати во целосен тренинг.

– Кај таквата повреда најважно е да бидеш во оптимална форма кога се враќаш, не смее да форсира поради некој натпревар или да потпадне под притисок на тренерот. Ако се повреди повторно, може да го пропушти СП, а тоа би била голема штета, – изјавил Олиќ.


3 views

Comments


bottom of page