top of page

Олимпијакос го збриша Асвел и ја продолжи трката за Топ 4 видео

03.04.3036 April Petok

Кошаркарите на Олимпијакос забележаа победа над Асвел во Лион во 35 коло од Евролигата. Грчкиот гигант на гостувањето во Франција славеше со 74-82.

Ова беше очекувана победа на „црвено-белите“ на три кола пред крајот на лигашкиот дел. Олимпијакос речиси го потврди своето место во плејофот.  Но, грчките кошаркари ќе се борат за обезбедување место меѓу првите четири и предност на домашен терен во плеј-офот. Асвел пружи силен отпор само првата четвртина, која гостите ја добија со минимална разлика од 24-25. Потоа Олимпијакос презеде контрола на паркетот и градеше сигурна предност. На крај триумфираше со убедливи 74-82.

Во победничкиот тим најдобар беше Везенков со 21 поен, Хол постигна 14, Дорси 13, а Милутинов 10 поени и девет скока. На другата страна, Агинс беше најефикасен со 17 поени, додека Ангола постигна 14.

Значајна победа во трката за највисок пласман забележа и тимот на Валенсија која среде Болоња славеше над Виртус со 81-94. Со овој триумф шпанскиот тим застана на четвртата позиција, со само едена победа помалку од лидерот Олимпијакос.

Во шпанското дерби екипата на Басконија му зададе голем удар на Реал Мадрид и по продолжението славеше со 98-96. Поразот дојде во незгоден момент за „кралевите“ кои исто како и Олимпијакос и Валенсија водат битка за Топ 4 во регуларниот дел.


 
 
 

Comments


bottom of page