Олимпискиот рекордер Мареј ќе се пензионира по ЛОИ 2024
26.07.2024 juli petok
ТЕНИС
Енди Мареј најави дека ќе се повлече од тенисот по Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, кои почнуваат в петок. Британскиот тенисер планира во Париз да игра во поединечна конкуренција и во двојки, а тоа ќе бидат негови петти Игри.– Пристигнав во Париз на мојот последен тениски турнир – напиша Мареј на „Икс“, пренесе „Би-би-си“.Првиот настап на Мареј (37) на ЛОИ беше во Пекинг во 2008 година. Четири години подоцна тој освои златен медал во поединечна конкуренција, на Игрите во Лондон, победувајќи го Роже Федерер, а на ЛОИ 2016 стана првиот тенисер што освоил две поединечни олимписки титули, кога го победи Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро на Игрите во Рио де Жанеиро, пишува „Би-би-си“.Мареј, кој имаше операцијата на колкот во јануари 2019 година, е трикратен победник на гранслем-турнирите, еднаш триумфира на САД опен (во 2012 година) и двапати на Вимблдон (во 2013 и во 2016 година) и играше во едно финале на Ролан Гарос и во пет на Австралија опен. Н.М.
Σχόλια