Search
Олимписката шампионка од Книн ги разгоре националистичките страсти
Матеа Јелиќ, новокрунисаната хрватска олимписка шампионка во теквондо, предизвика бура реакции со своите изјави, но и со заканите што го доби.
23-годишната Јелиќ, која доаѓа од Книн, по освојувањето на златото, изјави дека сака да ја прослави титулата на годишнината на „Бура“, хрватската воена акција со која го освоија Книн и остатокот од Српска Краина по што беа протерани стотина илјади луѓе.
„Сакам дочекот да се спои со ‘Бура’. Во Хрватска се враќам на годишнината на тој настан, кој толку ми значи и би сакала да имам голема фешта“, изјави Јелиќ.
Оваа изјава предизвика многу контроверзии, особено во Србија, каде што уште се дел од бегалците од таа војна и таа на социјалните мрежи доби куп заканувачки пораки, кои ги сподели.
Comments