top of page

„Олд Трафорд“ оди во историјата, доаѓа нов стадион од двe милијарди евра!

25.03.2026 Mart Sreda

Манчестер Јунајтед продолжува со амбициозните планови за изградба на нов, модерен стадион, кој би требало да стане еден од најголемите фудбалски објекти во светот. Англискиот гигант уште во март 2025 година ја претстави идејата за изградба на ново здание со капацитет од околу 100.000 гледачи, но од тогаш напредокот не беше видлив во јавноста. Сепак, според извршната директорка за развој на стадионот, Колин Рош, проектот континуирано се развива „зад сцената“.

Клубот проценува дека самата изградба ќе трае помеѓу четири и пет години, но пред тоа е потребен дополнителен период од една до две години за подготовка. Овој процес вклучува обезбедување на земјиштето, финансиската конструкција и добивање на сите неопходни дозволи за градба.

Според актуелните проекции, новиот стадион би можел да биде подготвен за отворање во сезоната 2032/2033, иако точен датум сè уште не е дефиниран. Проектот, вреден околу две милијарди евра, претставува една од најголемите инвестиции во историјата на клубот.

Планирано е новото здание да се изгради на локацијата на легендарниот „Олд Трафорд“, но за реализација ќе биде неопходно и дополнително околно земјиште. Целта е да се создаде комплекс кој ќе понуди врвно искуство за навивачите, со модерна инфраструктура и подобра поврзаност.

Од клубот истакнуваат дека активно се водат разговори со локалните сопственици на земјиште и дека постои оптимизам дека во наредниот период ќе има конкретни позитивни вести околу овој сегмент од проектот.


 
 
 

Comments


bottom of page