top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Олга Панго за кореографија на „Рајмонда“ номинирана за наградата „Импулс“ во Бугарија

Македонската балерина и кореографка Олга Панго, е номинирана за наградата “Импулс 22“ во Бугарија, која се доделува за „Поставување на класично или адаптација на постоечко балетско дело“. Во случајов се работи за балетската претстава “Рајмонда“ која својата премиера ја имаше минатата година на летната сцена на Државната опера во Варна, а Олга Панго е номинирана за награда за класична кореографија.

За оваа награда се номинирани и Андреј Босов и Силвија Томова за балетската екстраваганца „Заспана убавина“ („Стара Загора“), Веса Тонова за балетот „Бајадерка“ („Државна опера – Пловдив“) и Калина Богоева од „Државна опера – Русе“) исто така за балетот „Бајадерка“.

“Навистина сум позитивно изненадена за оваа номинација. Таа е неочекувана бидејќи сепак, за наградата за која гласа публиката, сум номинирана заедно со бугарски уметници. Наградите ќе бидат доделени на 27 јуни на театарската сцена Борис Гарден Парк“, вели за весникот ВЕЧЕР Олга Панго, која во моментот е во Државната опера во Варна. Инаку, наградите на професионалната танцова заедница „ИМПУЛС“ се одржуваат втора година, на иницијатива на кореографот Розен Михаилов и се спроведуваат благодарение на финансиската помош на Министерството за култура на Република Бугарија.


2 views

Comments


bottom of page