Search
Окслејд-Чембрлен првпат ја напушти Англија, денеска е претставен во новиот клуб (Фото)
Алекс Окслејд-Чембрлен настапуваше за неколку англиски екипи, за сега првпат да се реши на интернационално искуство и ќе настапува во турското првенство.
Искусниот англиски играч за врска го одработи договорот со Ливерпул, по што стана слободен агент, а најпримамлива понуда за него била таа на Бешикташ.
Турскиот клуб денеска го претстави Окслејд-Чембрлен како свое големо засилување, па фановите сега со нетрпение ќе го очекуваат и неговото деби во домашното првенство.
Англискиот фудбалер дојде во Ливерпул од Арсенал во 2017 година, но забележа само 146 настапи бидејќи често имаше проблеми со сериозни повреди.
Окслејд-Чембрлен потпишал тригодишен договор со составот од Истанбул, а ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.
Kommentarer