Ози Озборн го откажа настапот на фестивал во Калифорнија: „Моето тело ми вели дека не сум подготвен“
- Aleksandar Santovski
- Jul 11, 2023
- 1 min read
Британскиот рокер Ози Озборн (74), во понеделникот изјави дека ја донел „болната“ одлука да се повлече од закажаниот настап на американски фестивал, бидејќи неговото тело сè уште не е подготвено, пренесува „Гардијан“.
Тој бил со оптимистички став, откако му понудиле ангажман на фестивалот „Пауер трип“ во Калифорнија, но дека не сакал да го прави настапот без волја.
Озборн требаше да се појави на фестивалската сцена, на 7 октомври заедно со австралискиот бенд „Еј-си Ди-си“ вклучувајќи ги „Ганс енд Роузес“ и „Ајрон Мејден“.
Во изјавата објавена на социјалните мрежи, тој објаснил дека мора да донесе тешка одлука и да се повлече од настанот.
„Колку и да беше ова болно, морав да донесам одлука да се повлечам од настапот на Power Trip во октомври. Мојата првична намера беше да се вратам на сцената во летото 2024 година, а кога дојде понудата да го направам овој настап, оптимистички продолжив понатаму. За жал, моето тело ми кажува дека сè уште не сум подготвен и премногу сум горд што не можам да дозволам мојот прв настап по речиси пет години да биде без волја.
Инаку, Озборн уште во февруари објави дека ќе паузира од турнеите, по операцијата на ‘рбетот, бидејќи не беше физички способен за патување.
По падот во неговиот дом во 2019 година, тој ги влоши повредите што ги здоби во речиси фаталната сообраќајна несреќа во 2003 година, прекинувајќи ги сите негови.

Comments