Одличните критики за новиот„Спајдермен“ навестуваат празничен подарок за кината
Најновата филмска авантура за Спајдермен, под наслов „Човек-пајак: Далеку од дома“, доби блескави рецензии од филмските критичари во вторникот (14 декември), а аналитичари на боксофисот предвидуваат дека суперхеројскиот спектакл претстојниот викенд ќе постави рекорд на продадени билети во ерата на пандемијата. Том Холанд третпат се појавува како суперхерој во новиот дел од Марвеловата сага за човекот-пајак Spider-Man: No Way Home, филм во продукција на филмското студио„Сони корп.“ и „Волт Дизни ко.“ А Зендаја ја глуми неговата девојка, Емџеј. Филмот ќе почне да се прикажува исклучиво во киносали в петок. Од вторникот попладне, „Далеку од дома“ доби високи 98 проценти позитивна оценка од 65 рецензии што ги собира веб-страницата „Ротен томатос“. Оваа веб-страница, позната како агрегат на рецензии, ја мери пропорцијата на позитивни критики за сите филмови. За многумина е првото место каде што проверуваат дали вреди да се гледа некој филм. Поддржувачите велат дека приказната ќе ги задоволи и старите и новите фанови. „Spider-Man: No Way Home е голијат кој се чувствува предодреден да го освои светот, моќна комбинација на сегашниот филмски универзум на Марвел и носталгија за она што беше претходно“, напиша Естер Закермен од „Трил-лист“ во неговата рецензија за филмот.
Commentaires